Изградба на фотоволтаична централа

СВАРОГ ДООЕЛ Прилеп е горд што може да објави дека на крајот на 2024 година успеа да го реализира својот амбициозен проект, изградба на фотоволтаична централа на кровот на својот производен погон – седиштето на друштвото.

Проктот, кој значително ќе го намали јаглеродниот отпечаток кој го создава друштвото, започна и беше целосно завршен во текот на 2024 година а целокупната инвестиција ќе чини околу 90.000 евра.

Оваа инвестиција создаде можност за одржливост и ефикасност преку искористување на потенцијалот за обновлива енергија на локацијата, како и обезбедување заштеда на трошоците за електрична енергија.

Системот кој има капацитет од 137 kWh, се очекува да генерира заштеди на енергија кои ќе надминат 30% од годишната побарувачка за електрична енергија на друштвото.

Поддршката на проектот од страна на EENergy, Enterprise Europe Network (grants for European SMEs) секако претставуваше значаен и исклучителен поттик за успешна реализација.

Сподели:

Повеќе новости

Испрати порака

Изградба на фотоволтаична централа

Share:

More Posts

Send Us A Message